| четврток, 6 декември 2018 |

Загина 19-годишен возач, го удрил „Мерцедес“ што претекнувал

Во сообрќајна несреќа што се случила вчера околу 8 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола настрада 19-годишно момче, а повредени се уште двајца.

Несреќата се случила кај местото викано „Петилеп“, кога автомобил мерцедес, со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Л. (70) од Скопје, претекнувајќи камион МАН, со левата страна на возилото удрил прво во ретровизор од возило шкода фабија, со битолски регистраски ознаки, и во автомобил рено твинго, со битолски регистраски ознаки, управуван од Ѓ.Т. (19) од Битола, кое излетало надвор од коловозот и се превртело на покривот.

Потоа со десната страна мерцедесот удрил во кабината на товарно возило „МАН“, по што излетал надвор од коловозот каде застанал. Во тој момент во возилото настанал пожар при што целосно изгорело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле М.Л., возачот на „Рено Твинго“ Ѓ.Т. и А.Б. (18) од Битола, сопатник во истото возило.

На нив им била укажана медицинска помош во Клиничка болница Битола, каде  Ѓ.Т. од здобиените повреди починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top