Секторот за внатрешни работи Тетово целосно го расчисти пријавеното грабнување на 53-годишниот А.А. од Жеровјане.-Веднаш по пријавувањето на грабнувањето вчера (9 ноември) околу 18 часот од неговиот 33-годишен зет Н.Б. од Боговиње, беа превземени повеќе конкретни активности и во текот на денов А.А. пронајден е во Гостивар, а потоа повикан е во Полициската станица Тетово. Во разговорот со него утврдено е дека А.А. комплетно ја измислил приказната со грабнувањето, зашто се соочувал со повеќе финансиски проблеми, информираат од СВР Тетово.
По комплетното расветлување на сите поединости, а во консултација и координација со јавен обвинител, против него ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст