Во бугарскиот историски архив се наоѓаат белешките од борбите на бугарските ослободители – Гоце Делчев и многу други набројани. Ова беше првиот напис поставен денеска на изложбата на книги, документи и други публикации од Бугарската национална библиотека во холот на македонската универзитетска.
Организирана како резултат на заедничката соработка меѓу двете институции, изложбата беше интересна за скромниот број присутни – мнозинство од софиската библиотека, но никој не се задржа на написот, ниту се осмели да коментира што Делчев е вбројан меѓу бугарските ослободители и тоа е изложено во среде Македонската национална универзитетска библиотека.
– Работата на библиотекарот, неговите основни задолженија, се употребата на овие документи и нивното претставување пред публиката. Ние не коментираме настани, ние не даваме оценки, нашата независна позиција е задолжителна, изјави Бојана Минчева, раководител на оддел за ракописи и старопечатени книги во БНБ.
Според Минчева целта на изложбата било да се разменат искуства, и тоа му помагало на патот што го трасираа Заев и Борисов на 1ви август.
– Се разбира дека се подобруваат не само добрососедските односи, но и блиските професионални соработки на нашите експерти и експертите од Македонија, зошто јазикот на искуството е еден вид обновување на часовникот, еден вид излез на знаењето, едно восприемање на добри, туѓи практики и развивање на истите, додава Минчева.
На изложбата беа презентирани и фотографии од членовите на Внатрешно –македонскиот одрински комитет, и нивни натписи и белешки.
(извор – Алфа ТВ)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
За Борисов Гоце е Бугарин: Прво со Заев отидовме на гробот на нашиот светец и херој Делчев, сега тој е тука!
-
Одбележани 115 години од смртта на Делчев: Владина делегација положи цвеќе на гробот на великанот
-
Во Макекдонија се одбележуваат 115 години од смртта на Гоце Делчев
-
Бурниот љубовен живот на Гоце Делчев – писмо од неговата тајна вереничка