| четврток, 6 декември 2018 |

Главна вест во Турција: Емина и Мустафа се разведуваат?

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал се во брак од 2008 година, меѓутоа тие се запознале неколку години пред да го изговорат судбоносното „да“. Имаат два сина – Јамен и Јавуз. токму поради својот славен сопруг, поп пејачот и Емина станала ѕвезда во Турција.

Медиумите се тркаат кој прв да пренесе вест за ова семејство, а најновата за нив дека овој славен пар се разведува.

Парот наводно има проблеми во бракот и долго време не се појавуваат заедно.

Како што пренесуваат медиумите, наводно честите расправии довеле до тоа да почнат да размислуваат за развод.

Меѓутоа, Емина и Мустафа пред неколку дена се појавиле на отварање на еден шопинг центар, а Мустафа тогаш рекол

– Имаме 14 години сојзу, така да има секакви вести. Кога би рекол дека немаме расправии во бракот би лажел. Меѓутоа, сега е се во ред, рекол Мустафа додека Емина ја покажала својата љубоморна страна.

– Не постои таква работа. Јас сум желна да анализирам кога и каде и да се појави, додала таа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top