| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба со детски ликовни творби од отпад од пакување

Во Галеријата на Кинотека на Македонија денеска напладне беше отворена изложба на детски ликовни и уметнички творби од отпад од пакување и ќе бидат доделени награди.

Ќе бидат претставени дела од над 50 ликовни секции од основните училишта во Македонија и од соседните држави.

Мотото на изложбата е „Творење и креирање дела од отпад од пакување“, а ја организираат Колективниот постапувач со пакување и отпад од пакување „Еуро-екопак“ и Детскиот ликовен центар Скопје.

Од наградените уметнички творби ќе биде изработен каталог на македонски и албански јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top