Управата за јавни приходи објави Листа на должници за долгови доспеани до 31.07.2017 и неплатени до 31.10.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:
повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.
Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци треба да се обрати до:
На Листата на должници се објавени се 2437 должници – правни лица (повеќе за 1 од претходната листа) и 1964 физички лица (повеќе за 234 од претходната листа). Вкупно објавениот нето долг изнесува 11.185.497.273 денари, помалку за 159.973.898 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 11.091.106.145 денари (помалку за 170.847.714 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 94.391.128 денари (повеќе за 10.873.816 денари од претходната листа).
Листата на должници можете да ја погледнете тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст