Посебен сообраќаен режим на сообраќајниците кај Арената Телеком во Градскиот парк и ВИП Арената, ќе воведе утре и задутре СВР Скопје поради најавениот концерт, фудбалскиот натпревар Македонија – Норвешка и другите спортски настани (атлетска трка и ракометен натпревар).
Утре од 18:30 часот ќе има пренасочување на сообраќајот на улиците околу фудбалскиот стадион во Градскиот парк, додека од 20:00 часот поради настанот во ВИП арената периодично ќе има пренасочување на сообраќајот околу објектот, булеварот „8-ми Септември“ и улицата „Бледски Договор“.
Во недела, пак, од 16:00 до 18:00 часот, поради Атлетската трка затворени за сообраќај ќе бидат плоштадот „Пела“ (старт на трката), лево под подземниот премин ГТЦ, десно по улицата „Филип Втори“, десно по булеварот „11-ти Октомври“, десно по улицата „Никола Вапцаров“. Потоа, од 19:00 часот, поради ракометниот натпревар Металург – Монпеље во ВИП арената повторно ќе има периодично пренасочување на сообраќајот на булеварот „Осми Септември“ и улицата „Бледски Договор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст