Високо позициониран функционер на една од партиите од власта бил докторот кој вчера вечерта беше прободен пред влезот на Клиничкиот центар во Скопје. Според се уште неофицијалните информации, докторот Н.З. бил прободен од сопруг на една од неговите колешки.
Од МВР нема официјални информации за случајот освен потврда дека докторот бил прободен вчера во 19:50 во двете слабини над бубрезите и дека се наоѓа надвор од животна опасност.
Дел од медиумите пишуваат дека на полицијата и е познат идентитетот на напаѓачот и дека станува збор за сопруг на колешка на докторот, но за оваа информација нема официјална потврда. Оттука и мотивот за нападот останува непознат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.