| четврток, 6 декември 2018 |

Беќаровски: Напаѓачот на прободениот лекар му се приближил зад грб, па тој не успеал да види кој е

Лекарот Н.З. од Клиниката за токсикологија вчера бил прободен со нож пред влезот на Клинички, во моментот кога требало да му започне смената, потврди директорот на клиниката Нико Беќаровски.

Тој веќе разговарал со повредениот лекар, кој во моментот е на скопската Клиника за дигестивна хирургија. Лекарот тврдел дека не знае кој го нападнал, бидејќи напаѓачот му се приближил од позади, но не успел да види кој е. Тој го прободел и веднаш побегнал од местото на настанот.

Лекарот е прободен во двете слабини, над бубрезите и е надвор од животна опасност.

Повеќе детали за овој случај се очекуваат во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top