| четврток, 6 декември 2018 |

Фустанот со кој Меланија го освои Пекинг (Фото)

Меланија Трамп ги изненади модните критичари со нејзината необична облека. Првата дама, која заедно со нејзиниот сопруг е во посета на Кина, се појави во црн фустан со розови цветни мотиви. Автори на облеката вредна 3.000 долари се нејзините омилени дизајнери од Dolce & Gabbana. Сопругата на претседателот на НР Кина Си Џипинг Пенг Лијуан, која се смета за „икона“ на националниот стил, избра темна облека на локалните дизајнери. Меланија и Пенг Лијуан посетија мејнстрим училиште во Пекинг со 29 паралелки. Првата дама на САД ги проба своите вештини во готвење и калиграфија и присуствуваше на куклено шоу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top