Вечерва загадувањето на воздухот со штетните ПМ 10 честици е на загрижувачко ниво. Со намалувањето на температурите, воздухот станува опасен по живот. Се случува вистинска еколошка катастрофа, во Битола Кавадарци и Лисиче. Наместо чист воздух може да се каже дека граѓаните дишат многу мали честички на чад, прав или други материи, вклучувајќи и тенки капки на течности.
Најзагадено е во текот на вечерните часови. Наместо дозволените 50 микрограми на еден метар кубен, граѓаните на Битола дишат 7 пати повеќе суспендирани штетни честици на кубен метар. Граѓаните на Кавадарци дишат 4 пати повеќе од дозволените суспендирани штетни честици на кубен метар. Граѓаните на Лисиче пак дишат повеќе од 130 микрограми на кубен метар на суспендирани честици, од дозволеното ниво.
Во вечерните часови на некои места загаденоста е неколку пати повеќе над дозволеното ниво.
Граничните вредности се помеѓу најстрогите правила во законодавството на ЕУ за нивоата на загадување на воздухот.
Децата се најпогодни на загадувањето на воздухот и на внатрешното и надворешното, но и општо кај целокупната популација најпогодни се дишните патишта и кардиоваскуларниот систем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


