| четврток, 6 декември 2018 |

Празници се ближат: Висока елка од 23 метри ќе го краси центарот на Њујорк

Божиќното дрво во Њујорк и оваа година ќе биде едно од најункатните. Директно од Пенсилванија ќе пристигне елката која ќе биде украсена по повод Новогодишните и Божиќните празници.

Божиќното дрво е високо 23 метри и ќе биде поставено пред “Рокфелер”, а во сабота пристигнува во Њујорк од Пенсилванија. Елката е широка 15 метри и ќе биде украсена со повеќе од 500.00 сијалички, а на врвот ќе биде поставена “Сваровски” ѕвезда. Ова ќе биде 86-то по ред Божиќно дрво кое ќе биде поставено во Менхетен. Елката ќе светне на 29 ноември се до 7 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top