| четврток, 6 декември 2018 |

Марија најмила платен убиец да го убие нејзиниот сопруг: Тој дознал сè, па смислил пеколен план за одмазда

Рамон Соса, 50-годишен маж од Тексас, непријатно се изненадил кога во 2015-тата година од познаник дознал дека неговата сопруга сака да го убие.
Сопственикот на теретана ја запознал својата сопруга во 2007-та година и лудо се заљубил, а таа очигледно не му ги возвратила чувствата.

43-годишната Марија Лулу Соса, на извесен Густав му понудила 2.000 долари да ја спои со убиец, за да се ослободи од сопругот. Меѓутоа, тоа што не го знаела, е дека Густав и Рамон се стари познаници.

“Кога ми се јави и ми кажа дека мора да се најдеме бидејќи некој сака да ме убие, мислев дека се шегува”, рекол Рамон. Но, неговата избраничка била смртно сериозна.

“Густав ми кажа дека сериозноста на своите намери ги покажала формирајќи облик на пиштол со прстите и ставајќи ја раката на глава”, додал тој.

Рамон и Густав одлучиле да ја уловат со помош на ФБИ и полицијата. Го озвучиле Густав и тој го снимил состанокот со Марија, на кој кажал дека познава двајца убијци. Полицијата потоа смислила одличен план. Го маскирала Рамон да изгледа како да е убиен, и фотографиите и ги покажале на Марија.

Полицијата го нашминкала Рамон за да изгледа како да е застрелан во слепоочницата, а ископала и плиток гроб во кој го фогографирала за измамата да личи поуверливо. Еден дектектив се нашол со Марија глумејќи убиец, и ја покажал фотографијата, а таа наводно почнала да се смее.

Марија инаку е од Мексико, а Зелената карта за престој ја добила по венчавката. Повеќе не мора да се грижи за депортација, бидејќи во американски затвор ќе ги помине следните 20 години.

точка.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top