Британската кралица Елизабета има строги модни правила, кои се косат со имиџот што го негуваше девојката на нејзиниот внук. По сѐ изгледа, кралското семејство конечно ја прифати врската помеѓу принцот Хари и актерката Меган Маркл но таа мораше да направи жртви кога станува збор за гардеробата.
Имено, многу претходни појавувања, изгледот на атрактивната бринета не беше во согласност со ригорозните кодекси за облекување на британската владетелка.
Но, се чини дека таа е подготвена за компромиси. Поточно, да се откаже од својот препознатлив стилски печат, во име на љубовта што ја чувствува кон принцот.
Што требаше да промени Меган Маркл за да ѝ се допадне на кралицата Елизабета?
Имено, според нејзините строги модни правила, на жените од кралското семејство не им доликува да ги покажуваат колената. Наметнува политика за носење облека што ги прекрива колениците, а не е ниту обожавателка на голите рамена.
Поради таа причина, неретко и војвотката Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, беше мета на критики за принципиелната дама од Бакингемската палата.
Од друга страна, американската глумица е позната како љубителка на мини здолништа и кратки панталончиња. Оттука, не е тешко да се заклучи дека девојката на Хари ги прифатила рестрикциите од неговата баба.
Па, на крајот сепак одлучи да се ослободи од прекусите парчиња во својот гардеробер, наведуваат странските медиуми.
Во минатато, таа многупати ги покажуваше нејзините витки нозе на свечените настани и црвениот тепих.Изминатите неколку месеци, пак, сѐ почесто ги прекрива со поконзервативни кроеви, од миди здолништа до класични панталони.
А, во иднина, веројатно ќе ги гледаме во уште помала мера.
За среќа, на убавата актерка одлично ѝ прилегаат и посериозните, скромни и пристојни комбинации, кои го задоволуваат вкусот и стандардите на кралицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


