Македонија е подготвена да разгледа предлог за формирање комитет за ревизија на учебниците по историја меѓу Македонија и Грција, доколку е на паритетна основа, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.
– Ние немаме против и апсолутно сме спремни да разгледаме таков предлог. Балканот е многу оптоварен со историја и кога две земји решиле да се зближат и да надминуваат разлики, да градат мостови, корисно е да учиме од искуствата на други земји како Франција и Германија, Германија и Полска. Се додека е тоа на паритетна основа и двострано и се додека историјата ја оставаме на историчарите, а политиката на политичарите – вели Димитров на новинарско прашање на прес-конференција во Скопје со неговиот црногорски колега Срѓан Дармановиќ.
За ова прашање како што посочи Димитров станало збор на неговата средба со Коѕијас во Њујорк, како можност историчари-експерти да почнат да разговараат за ова прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст