| четврток, 6 декември 2018 |

Развратни, лигави политичари: Млада келнерка искрено за секс-скандалот во британскиот парламент

25-годишната девојка, која четири години го водела кафулето во рамките на британскиот парламент, за британските медиуми раскажала во колкава мерка се некои пратеници непријатни. Експлозивните тврдења доаѓаат откако британскиот парламент бил погоден од секс скандал. Информации за сексуални злоставувања секојдневно се појавуваат во јавноста.

Алис Бејли почнала да работи во барот кога имала 19 години, а тврди дека во текот на кариерата во кафулето на парламентот, во кревет се обиделе да ја однесат речиси 30 пратеници. Еден од нив, тврди, ја вознемирувал за време на едно возење со автобус.

Се опијануваат па злоставуваат колешки
“Parliament’s Sports and Social Bar” е место каде редовно се собираат политичари и министри, а поренешната келнерка тврди дека политичарите редовно ја терале да има секс со нив.
“Си дозволуваа сè, јас бев само млада келнерка, а себеси се сметаат за многу важни луѓе на кои јас требаше да им бидам на располагање. Беа многу страшни, но и бедни, со оглед на тоа дека речиси сите беа женети и барем двојно постари од мене”, рекла Алис, пренесува Daily Mail.

Бејли вели дека еден од министрите ја молел да спие со него, и тоа во првите два часа за време на првата смена во парламентот, додека друг се обидел да ја допира во автобус, откако испил 12 кригли пиво.
Наведува дека министрите често ги допираат помладите колешки по ходниците на парламентот, и дека таквите потези обично следат по потешко опивање во споменатото кафуле.

Поранешната келнерка денес тврди дека со неа се обиделе да спијат барем 30 политичари, и дека многумина од нив биле далеку од своите семејства и поради работата престојувале во Лондон.

Жените поради тоа направиле “валкано досие” во една група на “What’s Up” на кое собрале дури 40 имиња, меѓу кои посебно се истакнале имињата на шест министри од кабинетот и 12 нешто послабо рангирани министри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top