| четврток, 6 декември 2018 |

Приведен бегалец од Идризово осуден на 20-годишна затворска казна

По низа превземени оперативни активности, вчера (08.11.) во 17.50 часот од страна на полициски службеници при СВР Куманово, во координација и содејство со Централните полициски служби при МВР, лоцирано и од слобода е лишено лицето О.М. (39) од Куманово, кое се бараше по потерница од КПУ Идризово, соопштија од МВР.

„Имено, О.М. којшто има правосилна судска пресуда за издржување казна затвор во траење од 20 години, а заради сторени казнени дела по член 123 (“убиство“) и по член 215 („неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“) од КЗ на Република Македонија, подолг временски период бил во бегство. До моментот на лишување од слобода, според досегашните сознанија, се сомничи дека на подрачјето на Куманово извршил десет кривични дела и тоа шест кривични дела „разбојништво“, три кривични дела „тешка кражба“ и едно дело – „одземање на моторно возило“, додаваат оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top