| четврток, 6 декември 2018 |

Де Роси: Ибрахимовиќ и со скршена нога би ни претставувал проблем

Во пресрет на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство во Русија 2018 година меѓу Шведска и Италија, капитенот на италијанската фудбалска репрезентација Даниеле Де Роси потенцираше дека Италијанците се фаворити, особено бидејќи Златан Ибрахимовиќ не е повеќе во составот на Швеѓаните.

– Среќни сме што нема да играме против еден Златан. Тој дури и кога ќе има 40 години и да биде со скршена нога, би претставувал сериозен проблем. А искрен да бидам со вас, не би сакал ни тогаш да бидам негов чувар. Во однос на противникот, сметам дека ние сме фаворити и имаме предност само поради неиграњето на Ибрахимовиќ. Би сакал Италија да победи и да се пласира на СП во Русија 2018 година, вели Де Роси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top