Утрово во 7:55 часот на патот Битола Прилеп се случила тешка сообраќајка. Од битолската полиција засега потврдуваат дека сообраќајката се случила помеѓу патничко моторно возило и товарно моторно возило, а во моментот на местото на настанот е излезен и јавен обвинител. Увидна екипа на СВР Битола врши увид на самото место.
Засега не е познато дали има жртви во сообраќајката или не. Очевидци за Шеталиште велат дека во моментот на несреќата имало и возила на Службата за итна помош и противпожарно возило затоа што од едно од возилата излегувало пламен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.