Сообраќајот на патниот правец Дебар – Маврово вечерва е нормализиран, соопшти Автомотосојузот на Македонија. Патот беше затворен за сообраќај поради сообраќајна несреќа, а од 19 часот се одвиваше со наизменично пропуштање на возилата.
Според информациите на СВР Тетово, пред 16 часот патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ј.Џ (46) од Голема Речица се судрило со камион „ман“ управувано од М.Б (43) од село Челопек.
Покрај возачот на мерцедесот, во несреќата се повредени и неговата сопруга Е.Џ (36) и четири деца кои биле во автомобилот. Тие се префрлени на скопските клиники.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


