| четврток, 6 декември 2018 |

Повлечени два тона „Нестле Ципирипи“ откако во производот паднала гума

Инспектори забраниле продажба и наредиле повлекување на 1.953 килограми какао крем и млечен крем „Нестле Ципирипи“ бидејќи парче гума паднал во производот.

Се работи за пакувањата од 400 грама, од производот произведен на 4 јули оваа година.

– Потврдено е дека во производот има примеси на гума и константирано е дека недостатоците се отстранти, известија властите.

Со решение на инспекторот забранета е продажба на предметната серија и наредено е целосно повлекување.

Од компанијата Нестле Адриатик известија дека доброволно ќе ги повлечат и производите Ципирипи крем Дуи, Нугат и Чоко-ванила, сите со рок на траење до октомври 2018 година, како мерка на претпазливост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top