Дванесетгодишно девојче, ученичка во едно скопско училиште е жртва на врсничко насилство. „Не си вредна за тонерот“, „Ти си нула“… Овие и други навредливи пораки, напишани на испечатена фотографија од 12-годишно девојче во костим за капење, во петокот осамнале на ѕидовите, прозорците и на вратите во училиштето, објави „Факултети.мк“.
Седмоодделенката од ова училиште ваквото насилство го доживеала од своја соученичка поради банална расправија околу изгледот што се случила неколку дена пред немилиот настан.
– Лицата на другите три девојчиња беа сокриени, освен на мојата ќерка. На испечатената фотографија имало навредливи коментари како: „Не си вредна за тонерот“, „Не се занесувај“, јас ги видов подоцна во канцеларијата на директорката. Не знам колку слики имало ставено, имало во холот, на прозорците, на вратите. Среќа не го видовме тоа – вели мајката за „Факултети.мк“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст