| четврток, 6 декември 2018 |

Од Владата ни демант, ни одговор: Кое е новото име кое Заев рече дека се договара со Грција?

Во интервју за црногорскиот медиум – АнтенаМ, кое беше објавено пред неколку дена, Заев излезе со изјава дека се бара ново име на државата, промена на историјата и македонските топоними. И покрај тоа што поминаа веќе неколу дена од овие тврдења на премиерот, од Владата нема никаква дополнителна информација околу овие важни национални прашања, ниту за тоа кое е новото име кое се договора како можна опција за решавање на долгогодишниот спор со јужниот сосед.

Во иста насока како и изјавите на Заев одат и оние на високиот претставник на Стејт департментот Хојт Брајан Ји, кој деновиве истакна дека решавањето на прашањето на спорот со името е досега на највисоко ниво и најблиску до изнаоѓање решение.

– Има уште многу работа да се заврши, и тоа од двете страни. Ќе има преговори и јас сум оптимист дека ќе има решение затоа што расположението и во Грција и во Македонија е на највисоко ниво од кога било досега – истакнал Ји во Центарот за меѓународни односи во Вашингтон.

Хојт Ји: Ќе има решение спорот за името со Грција

Кој е тој предлог и какво е тоа решение за спорот со името кое го знаат и Заев и Хојт Ји, а не го откриваат, јавноста може само да се прашува и да нагаѓа.

Интересно е тоа што во истиот период со овие изјави доаѓаат и информациите кои велат дека до крајот на месецов медијаторот Нимиц ќе излезе со нов предлог, односно нова иницијатива за решавње на спорот за името на Република Македонија. Грчките медиуми јавуваа дека грчката Влада очекува потези на „добра волја“ од соседната земја, како преименување на скопскиот аеродром или отстранување на споменици и статуи.

На ваква разврска, во која решение за името ќе се бара зад затворени врати и во која Македонија ќе треба да ја „свитка кичмата“, а Заев ќе треба сето тоа да го спроведе, на неколку пати предупредуваше лидерот на ВМРО-ДПМНе, Никола Груевски.

Тој во неколку наврати при своите обраќања до јавноста излезе со тврдења дека ова е марионетска власт донесена однадвор за конечна промена на името и идентитетот.

– Заев е донесен да изработи промена на името и идентитетот, а сега сето ова се прави за да му се даде подлога дека има легитимитет меѓу луѓето, со поткуп и со присилни гласови, се со цел да му дадат легитимет и храброст да продолжи во ветеното понатаму. Тој всушност зборуваше за редифинирање на државата, тоа се шест точки. Првата точка е промена на името и идентитетот, втората точка е договорот со Бугарија, третата точка е носење на мигранти во Република Македонија и нивно доселување тука, четвртата точка е двојазичност на цела територија со неуставен закон, петтата точка е зголемување на даноците и шестата точка е редифинирање на бракот, тој да не е заедница на еден маж и една жена, туку да се легализираат хомосексуалните бракови и да им се даде можност да посвојуваат деца, изјави Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top