| четврток, 6 декември 2018 |

Глутница

Михајло Маневски поранешен министер

Глутница  силно се нафрли и ја нападна Македонија. Го нападнаа македонскиопт народ, неговиот идентитет и самобитност, македонскиот јазик, историја, култура, традиција и творештво.  Презедоа силен синхронизинан фронтален удар да ја избришат Македонија од картата на Европа, да го избришат Македонскиот народ како никогаш да не постоел, да ја избришат неговата меморија и да го претворат  во неидентификувана аморфна маса.

На почетокот на 21 век се врши идентитетски геноцид врз македонскиот народ и  уништување на Македонската држава.

Предавничката и поданичка Влада на СДС на Зоран Заев го ставија во функција мрачното сценарио на Софија и Атина дека Република Македонија е вештачка коминтерновска творба во рамките на  Титова Југославија.

 Македонскаата држава и македонската нација се измислени

Кординаторот на работната група за ревизија на проектот Скопје 2014-та Мирослав Грчев, деновите бесрамно изјави дека Македонската држава на крајот на Втората светска војна буквално е измислена во рамките на Југославија, основана за прв пат и во неа е еманицпирана и македонската нација и македонската култура, македонскиот јазик, сите македонски симболи и македонски уметнички достигнувања.

Овој „координатрор” ги преставува и застапува политиките на Зоран Заев во Министерството за култура, како главен цензор и главен егзекутор. Според него, Македонската држава е вештачка творба, нема македонска нација, нема македонски јазик и култура, нема творештво, нема уметност, сè е вештачко и сè е измислено!!!. Нема ништо автентично македонско. Малку е да се каже дека ова е одвратен безобразлак, ова е велепредавство на државните и националните интереси. Тоа е  повик до јавниот обвинител да ја изврши својата службената должност и да го примени Кривичниот Законик.

Овие изјави на “координаторот” Мирослав Грчев, кој во видео запис ги виде и слушна целокупната јавност, не се демантирани од Владата, која срамно се послужи со шаблонот дека наводно изјавите не биле доволно “разбрани”, а плејада владини портали, Соросови “експерти”, платеници и електронски и печатени медиуми останаа неми и глуви. Тоа се тие самонаречени борци за слобода и демократија по мерка на власта на која и служат.

 

Се брише македонскиот народ  и се уништува македонската држава

Беше сосема јасно каква политика ќе води ова Влада по однос на прашањето за името. Тоа е политика на виткање на кичма, која ја најави Зоран Заев пред парламантарните избори. Тоа што го најави и се остварува. Не само што ја витка кичмата, туку се покажа дека нема кичма и нема што да се витка, како мекотелец – аmeba. Не е ни чудо што Божидар Димитров на Зоран Заев цинично му се смее во лице,  “нели  г-дин Зоран Заев рече дека ние сме един народ”.

Континуирано и интензивно започна да се спроведува погубната вазалска политика на Владата на Зоран Заев за предавство на македонскиот народ и за уништување на Македонската држава.

Се откажа од македонското национално малцинство во Бугарија

           Со членот  11 точка 5 од Договорот за пријателство, добросеседство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од 1-ви август 2017 година се брише македонското национално малцинство во Република Бугарија, во Пиринска Македонија. Според овој член, “Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека преставува или дека некогаш ќе преставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија”.

Тоа што е преифатено е откажување и бришење на мекедонското национално малцинство во Бугарија. За окулу 187 илјади македонци во Бугарија, претежно во Пиринска Македонија, македонската држава ниту сега, a ниту во иднина несмее да постави било какво прашање за нивната положба и за почитување на малцинските права гарантирани со меѓународна Конвенција за малцински права. Македонија со овој договор во целост се одкажува од македонското национално малцинство. Такво нешто не е забележано во аналите на меѓународното право  во светот. Ова е уникатен пример на тотална деградација на една држава во однос нејзиното националното малцинство во друга држава и непознато во меѓународното право.

Република Македонија се откажа од македонското нацонално малцинство кое веднаш после ослободувањето на Бугарија, учеше на македонски јазик во улилиштата во Пиринска Македонија. Каде отиде тоа национално малцимнство? Тоа не отиде никаде. Тоа и денес постои, непризнато и без елементарни национални човекови права, меѓународно гарантирани.

Се брише политичката партија на Македонците во Бугарија ОМО”Илиден”- Пирин.

Политичката партија политичката партија на Македонците во Бугарија е формирана во 1989 година. Во 1999 година партијата ги исполни сите услови за регистрирање и учествуваше на локалните избори каде освои 5 градоначалнички места во 5 општини.

Но, регистрацијата на органзацијата на Мекедонците во Бугарија беше поништена од Уставниот суд на Република Бугарија во 2000 година, со образложение дека партија која се изјаснувала дека дел од територијата на Бугарија е туѓа и се залагала за нејзиното отцепување од бугарската држава е противуставна и не смее да постои. Тоа се наполно искривени и измислени тези за донесување на негативна и неправедна одлука.

По повод ваквата одлука, по жалбата до Судот за човекови права во Стразбур, донесена е пресуда во корист на ОМО Илинрден-Пирин. Комитетот на министри на Советот на Европа и наложи на Република Бугарија да ја регистрира партијата. И покрај тоа што  државата Бугарија е задолжена да ја регистритра на партијата и да и исплати оштета, тоа не е сторено до ден денес. Со тоа државата Бугарија не ја почитува и не ја спроведе Пресудата на Судот за  човекови права во Стразбур, што е недопуштено.

Од пресудата на Судот за човекови права во Стразбург, неспорно е дека се признава  постоење на македонско национално малцинство во Република Бугарија и дека се повредени неговите права со тоа што му се оневозможува да ја редгистрира својата партија.

Од  македонско национално малцинство во Бугарија се откажа Зоран Заев и СДС и тоа  повеќе нема да постои, затоа што  го избришаа со гумичка. Целосно и безрезервно СДС и Зоран Заев им одат на рака на бугарските државни органи и на бугарските националисти кои не признаваат дека во Бугарија постои македонско малцинство и не признаваат дека постои Македонскиот народ и македонскиот јазик. Срамно е тоа што договорот на се подпишува на Македонски јазик, туку на јазикот предвиден во Уставот. Ваков договор Бугарија не подпишала со ниту една зрмја.Зошто оа с прави само со Репиблика Македонија?

  1. Удрија по егејците, по македонците протерани од Егејска Македонија. Се откажува подршката на здруженијата на децата бегалци и здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради, на кое Владата му ги одзеде просториите за работа.

На грчките националисти и на грчката држава  македонците од Егејска Македонија им се трн во очите. Ги палеа и уништуваа градовите и селата на македонците, вршеа терор, убиваа и затвараа недолжни граѓани, протераа илјадници македонци, меѓу кои и 25 илјади деца раселени по целиот свет, кои никогаш не можеа да ги видат родните огништа, ги ограбија иивните имоти, незаконито одзедоа повеќе стотици илјади хектари земјише, згради и стопански објекти.

Но, правото на сопственост е неприкосновено право и  на затарува и кога тогаш ќе мора да им го вратат имотот на нивните сопственивци и нивните наследници и да им ги надоместат штетите. Тоа им е најголемата болка од грците најповеќе се плашат.

Геноцидот што го направија врз македонсците во Егејска Македонија, Грција сега се обвидува да го оправда со наводен иредентизам во Македонија. Нека се присети г-дин Козијас на маршот на војниците и песните и извиците што ги прават секоја година. Тоа ли е  знак за љубов и разбирање?.

  1. Го притворија тешко болниот Едмонд Темелко, градоначалник на единствената општина Пустец на македонците во Албанија. Набрзо после неговото притварање се донесе со закон со кој се признава постоење на Бугарско национално малцинство во Албанија!. Се прави сериозен обид да се скршат македонците во Албанија и да се прикажат како Бугари.
  2. Се најавува затварање на музеи, рушење на споменици, промена на имиња …

              Музејот на Македонската револуционерна борба е прв на удар. Според советникот на министерот за култура Петрит Сарачини, кој се прави голем експерт историчар и музеолог, Музејот не нудел објективна приказна од една историска објективна инстанца, туку нудел идеолошка приказна на минатата власт на ВМРО-ДПМНЕ. Овој новинар по професија, се користи како фронтмен за затварање на музејот и поништување на музејската поставка. Тој во суштина бара бришење на крвавата македонска историја и борба за слобода и независност, со небулозно тврдење дека музејот нудел идеолошка приказна.

Зошто Музејот? Затоа што во музејот ќе се видат и злосторствата и страдањата и херојството на македонскиот народ во вековната борба за слобода и самостојна држава. Тоа не им одговара ниту на Бугарија, ниту на Грција, кои сакаат да ни пишуваат нова историја, а ние да ги заборавиме злосторствата што ги вршеле врз македонците.

            Порта Македонија не е на удар поради самиот објект кој е легално изграден, туку пради релјефно прикажаната историска битка на Македонија за слобода и независност, а тоа им ги боде очите и на Грција и на Бугарија.

              Мајка Тереза според овој “советник“ не заслужувала помпезен споменик. Требало да се направи нешто поскромно, со што би се заштедиле пари. Овој “универзален експерт” наспроти скромноста на Мајка Тереза, всушност го занемарува нејзиното грандиозно дело кое треба да се одбележи.      

             Прв на удар за рушење се посочува споменикот на Андон Ќосето, но тоа е само параван за постигнување на главната цел, а тоа е бришење на македонската историја заснована на факти во музеите, објектите од културното- историско значење, учебниците и македонската историографија. Фашизмот мора да се избрише, како што се направи во Струмица, каде со чекан и глето се избришаа историските факти. Заран Заев одамна се подготвувал за ова предавство.

Македонската надворешна политика ја водат Атина и Софија

             Македонската надворешна политика ја водат Атина и Софија. Министерот за надорешни работи на Македонија Никола Димитров е обичен декор и безгласен послушник. Македонската јавност ја информира Никос Козијас. Тој го држи чадорот кој го покрива срамот на нашиот министер.

Грчкиот министер за надворешни работи г-дин Нокос Козијас од Атина извести за договорената Комисија за одстранување на иредентизмот од македонските учебници. Денес, истиот министер известува дека прашањето за името ќе се реши во првата половина на 2018 година и ако тоа не се направи може да има сериозни импликации.

Решението ќе се однесува не само за името, туку и државјанството, кратенките, топонимите и други прашања. Г-дин Козијас дури определува рок 3 до 4 месеци на бирократијата на ООН тоа да го среди административно. Тоа значи дека ООН во овој рок треба да го избрише од евиденцијата сето тоа што е македонско. Какви задкулисни игри се играат? Зошто се крие од макодонската јавност?. Од каде г-дин Козијас знае дека на ООН му требаат 3 до 4 месеци да се избрише се што е македонско запишано во евиденциите на ООН. Нашиот министер за надворешни работи Никола(с) само молчи, како да не постои.

Атина и Софија ќе ни ја пишуваат историјата и ќе ни ги пишуваат учебниците по нивна мерка. Ќе ги бришат вековните карти. Затоа ли веќе недостасуваат учебници во училиштата за да се причекаат новите “исчистени од иредентизам”?

Ветувањето за  брзо влегување во НАТО и ЕУ е голема  измама

Зоран Заев наместо враќање на животот, сите ќе не погребе. Зоран Заев и СДС државата Република Македонија и македонскиот народ ги туркаат и ги доведоа до работ на амбисот.

Денес за една црногорска телевизија Зоран Заев бесрамно изјавува дека бараме ново име. Во чие имe настапува и кој го овластил овој вазал да ја крои судбината на Македонија и македонсјкиот народ?. Кога ќе ни го сменат името на државата, јазикот, идентитетот, историјата и културата, кој народ ќе влезе во Нато и Еу, некои зомби!!. Под нашето Уставно име не признаа 137 држави во светот, меѓу кои и три најголеми држави постојани членки на Советот за безбедност. Што ќе им кажеме на овие држави? Никој не е против влегување на Македонија во овие огрганизации, но по која цена?

Името на државата Република Македонија и идентитетот на македонскиот народ немаат цена. Зоран Заев неможе да си поигрува со Република Македонија и со македонскиот народ.

Зошто не се почитува и спроведува Пресудата на Меѓународниот суд на правдата од Хаг? Пресудата на највисикиот суд во светот основан со Повелбата на ООН преставува обичен  правен декор во витрините на  ЕУ и НАТО, а од нас се бара владеење на правото, кое тие самите не го почитуваат.

Зоран Заев е наместен човек за една употреба. Тој е определен да се уништи еден народ и една држава, да се смени името на државата и да се избрише македонскиот народ и неговата историја, за туѓи интересеи.

Ќе го дозволи ли тоа Македонскиот народ или одлучно ќе му се спротивстави, како што тоа го чинел низ вековите? Никој несмее да си игра со државата и народот. Да го уништиш македонскиот народ и ова Света земја Македонија, светилник на писменоста и културата е злосторство од светки размери и тоа не останува неказнето.

Од паѓањето во амбисот, враќање назад нема, за век и веков. Да недаде Господ тоа да се случи.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top