| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп до Ким Јонг – ун: Немојте да не потценувате!

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати сериозни предупредувања до Северна Кореја во обраќање пред јужнокорејскиот Парламент.

– Не не потценувајте. Немојте да сте се обиделе, изјави Трамп во директна порака до севернокорејскиот водач Ким Џонг-ун и неговиот режим.

Трамп го предупреди Ким дека со производството на нуклеарно оружје и ракетни системи, неговата земја и режим не стануваат побезбедни.

Северна Кореја тврди дека развива нуклеарно оружје и ракети со кои би можела да ги лансира атомските бомби до соседните држави, па дури и до САД.

epa06314858 US President Donald J. Trump (bottom) clapps after speaking at the National Assembly in Seoul, South Korea, 08 November 2017. Trump is on a two-day official visit to South Korea, the second stop on his 12 day tour of Asia. EPA-EFE/CHUNG SUNG-JUN / POOL

– Напротив, ти го доведуваш твојот режим во сериозна опасност. Секој чекор напред на овој пат ја зголемува опасноста со која сте соочени. Северна Кореја не е рајот што твојот дедо го замислуваше. Таа е пекол, и ниту еден човек не заслужува да живее таму, изјави Трамп.
Тој нагласи дека во Северна Кореја владеат тешки услови за живот и глад во „услови на полициски режим“, додавајќи дека војници на САД се бореле и гинеле за слободата на Кореја.

Трамп ги повика сите цивилизирани држави да се приклучат во заедничко предупредување до Северна Кореја. Апелот е упатен пред се до Русија и Кина, кои се уште одржуваат одредени економски врски со Северна Кореја.

Во рамките на својата азиска турнеја, во која доминира прашањето на Северна Кореја, Трамп се сретна со јужнокорејскиот претседател Мун Јае-ин, а поради магла мораше да ја откаже посетата на границата меѓу двете Кореи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top