| четврток, 6 декември 2018 |

Фол: Откажани се протестите за „Кумановската група“ во Македонија

Протестот што требаше да се одржи во петок во Скопје, против драконските казни на припадниците на Кумановската група, нема да се одржи.Ова се потврдува преку отворено писмо на Советот на протестите, во кое се претставени детали во врска со организацијата на претстојните протести, но и намерата тие да бидат одржани и во неколку градови и албански центри.

Ова е отвореното писмо:

Со оглед на тежината и важноста на случајот Куманово од 09-10 мај 2015 година и одлуката на Основниот суд Скопје 1 во Скопје, бараме како тело – Советот на овие протести одлучи да формира негови Под-Советите кои се протегаат и во другите градови, кои ќе се координираат и со Тирана, Приштина и албанската дијаспора. Советот наскоро ќе излезе со агендата за организирање на протести, утврдувајќи го денот, времето, местото и градот каде ќе се одржат протести. Ние сме и остануваме посветени на создавање на цврсти правни и демократски механизми за меѓународни истражувачи до целосно расветлување на случајот. На почетокот сме за мирни и достоинствени протести, со поддршка и вклученост на целата земја, без партиска и верска обоеност, без оглед на регионот и покраината, само чиста албанска со национални симболи и транспаренти во врска со ПРАВДАТА и СЛОБОДАТА на сите оние кои се осудени со политичка позадина, според сценаријата подготвени во антиалбанските кујни. Секаков вид на организирање протести надвор од Советот, е граѓанско право, но без наша поддршка и не ја превземаме одговорноста за последиците кои можат да произлезат.

Дел од Советот се: ФОРУМ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДА – Идриз Синани; Здружение на воените ветерани на УЧК – Даим Хисени; Здружение на политичките затворици – Шпетим Положани; АСОЦИЈАЦИЈА НА АЛБАНСКАТА КУЛТУРА ВО МАКЕДОНИЈА – Блерона Брао; ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ОСИДЕНИТЕ ВО СЛУЧАЈОТ: “ДИВО НАСЕЉЕ”; – Др. Шкидије Шеху – Дашурие Сефа – Бедри Кафеџоли

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top