Хрватскиот портал “Index” пишува дека Ивица Тодориќ е во рацете на британската полиција. Истата информација ја потврдиле и од хрватското МВР.
“Хрватската полиција доби информација дека Ивица Тодориќ, вчера во 9:04 часот по локално време е повикан во “Charing Cross Police Station” во Лондон, каде е уапсен по Европскиот налог за апсење, кој по налог на ЖДО-Загреб го распиша хрватската полиција”.
Потсетуваме, по Тодориќ минатата недела бил издаден Европски налог за апсење, па тој се нашол на листата на најбарани европски бегалци на Европол.
Пред околу еден месец, во понеделник рано наутро, пред Кулмеровиот суд пристигнале инспектори. Уште тогаш, ниту еден Тодориќ кој има врска со “Agrokor” не бил присутен. Ивица, Анте и Иван, кои се осомничени заедно со уште 12 лица, веќе некое време не биле во Хрватска.
На Ивица Тодориќ судијата му одредил истражен затвор во траење од еден месец, а останатите осомничени остануваат на слобода.
Анте и Иван Тодориќ, заедно со своите адвокати, денес се појавиле да дадат изјава, но Ивица Тодориќ не се појавил. Преку својот блог порачал дека не се крие, и дека хрватските власти знаат каде се наоѓа.
-Не се кријам и мојата совест е чиста, но како човек на кој длабоко му се повредени човековите права, имам целосно право да се противам на политички прогон и неприфаќање на однапред конструирана вина, напишал Тодориќ.
Што ќе се случува понатаму, засега не е познато. Се претпоставува дека неговите адвокати ќе бараат да се заштити од екстрадиција во Хрватска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст