| четврток, 6 декември 2018 |

Во Канада отворен ресторан раководен од ХИВ позитивни лица (фото)

Група гурмани од канадскиот град Торонто отворија привремен ресторан во кој работат ХИВ-позитивни лица.

Целта на ваквата идеја е да се урне митот и верувањата дека вирусот се пренесува преку храна.

Ресторанот е отворен вчера, а готвачот е лице заразено со ХИВ. Вработените носат престилки со натписи „Бакни го ХИВ-позитивниот готвач” и саркастичната шега „Добив ХИВ од тестенини”.

Идејата да се отвори таков ресторан потекна од минатомесечното истражување, според кое, половина од испитаниците изјавиле дека би конзумирале храна приготвена од некој што е заразен од ХИВ.

Влезниците за тој привремен ресторан се продадени за помалку од две недели.

– Сакаме да направиме нешто вакво и во Њујорк, Сан Франциско, Лондон, изјави еден од сопствениците на ресторанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top