Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп негативно влијае врз светската економија, се нагласува во резултатите од анкета спроведена од Институтот за економски истражувања „ИФО“ во Минхен.
Три четвртини од анкетираните (73,5 отсто) се убедени во негативното влијание на Трамп врз светската економија. Освен тоа, мнозинство експерти (57,6 отсто) сметаат дека политиката на американскиот претседател се одразува негативно и врз американската економија.
Поголемиот дел од економските експерти сметаат дека најголеми штети администрацијата на Трамп нанела врз социјалната заштита на граѓаните и заштитата на животната средина. Најпроблематични теми во врска со политиката што ја води Белата куќа се меѓународната трговија, соработката со странски организации и осигурување на мир и безбедност.
Анкетата е спроведена од Институтот ИФО во октомври, а во неа учествувале 929 експерти од 120 држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.