| четврток, 6 декември 2018 |

Кристијано Роналдо заминува од Реал, на негово место ќе пристигне…

Европскиот фудбалски првак, Реал Мадрид подготвува вистинска бомба! Според „Мондо Депортиво“, Реал Мадрид започнал првични преговори за купување на најскапиот фудбалер во историјата, Нејмар.

Лично претседателот на Реал, Флорентино Перез сака да го види Бразилецот да биде дел од „Сантијаго Бернабеу“. Сепак евентуален ваков трансфер не би можел да се случи во брзо време.

Нејмар пред почетокот на сезонава замина од Барселона и потпиша за Пари Сен Жермен. Францускиот тим сигурно нема да го продаде во брзо време.

Планот на Перез е Нејмар да дојде во 2021 година и да биде замена за Кристијано Роналдо. Нејмар има договор со ПСЖ до 2022 година, што значи дека реално е една сезона порано да направи трансфер од ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top