| четврток, 6 декември 2018 |

Конкурс за е-бизнис планови

konkursМинистерство за информатичко општество и администрација ги повикува претприемачите што имаат намера за почнување и развој на бизнис во областа на електронската трговија, да конкурираат на овој конкурс со свои планови за бизнис.

Најдобрите претприемачи ќе добијат своја веб-продавница, односно бесплатна изработка и едногодишно хостирање на електронските продавници една година. Понатаму, најефикасните 5 веб-продавници ќе бидат дополнително наградени со бесплатно хостирање во втората година, како и дополнителен електронски каталог за 50 производи.

Конкурсот е отворен и за правни и за физички лица. Физичкото лице кое ќе се квалификува за е-продавница треба во рок од три недели по изборот, но пред да се склучи договорот, да регистрира фирма за вршење трговска дејност, да се регистрира како трговец-поединец или да се регистрира како занаетчија регистриран во Регистарот на занаетчии во занаетчиските комори, во согласност со важечките законски прописи.

Комисијата која ќе го нарави изборот, ќе бодува критериуми како, оперативен план, дистрибуција и цели, маркетинг план, финансиска проекција, иновативност, извор на финансирање, образложение и практична изводливост на идејата во бизнис-планот.

Заинтересираните повеќе податоци за условите за учество на овој конкурс, како и потребните документи, може да ги најдат на страницата на Министерството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top