| четврток, 6 декември 2018 |

Почина велосипедистот кој беше повреден утрово на Илинденска

velosiped nesreka

Седумдесет и двегодишниот скопјанец, кој денеска утро возејќи велосипед се судри со автомобил на булеварот Илинден во центарот на Скопје, пред околу еден час им подлегнал на повредите, јави „Нетпрес“.

Јован А. се здоби со тешки повреди во несреќата која се случи околу седум часот кога скопјанецот возејќи велосипед се судрил со автомобил „ауди“ со скопски таблички управуван од А.Н. (39) од Битола.

Човекот со тешки повреди беше пренесен во Ургентниот центар, каде што починал околу 10.45 часот и покрај напорите на докторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top