| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник прободен со нож од друг малолетник

Вчера поради нарушени меѓусебни односи, настанала тепачка помеѓу два малолетника на возраст од 16 и 17 години, двајцата од Тетово.

Во тепачката, соопшти МВР, 16 -годишникот со нож му нанел убодна рана во пределот на стомакот на 17-годишникот.Потоа напаѓачот побегнал, а повредениот бил пренесен во Медицински центар Тетово, каде му била укажана лекарска помош и се наоѓа надвор од животна опасност.

Во присуство на родител, 16- годишникот подоцна се пријавил во Полициската станица Тетово, каде што го предал ножот. СВР Тетово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top