За да се зборува за евентуално продолжување на породилносто отсуство прво треба да има широка јавна расправа и сеопфатни анализи за позитивните и негативните аспекти и да се направи анализа што се добива и што се губи. И при евентуално продолжување, треба да се размислува во користење на ова право за двајцата родители, бидејќи без родова еднаквост не може општеството да оди напред.
Ова е ставот на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во однос на предлогот за продолжување на породилното отстутво од 9 на 18 месеци, што е на дневен ред ред во Собранието, а е предложен од група пратеници.
Секоја граѓанска иницијатива што ќе влезе во Собранието, или иницијатива на пратеници, вели министерката, треба да се разгледа во детали и многу е важно секогаш да се гледаат пошироко сите закони, затоа што, како што рече, секогаш има две страни на паричката во донесувањето на законите.
Потребно е, вели, претходно да се направат пресметки и анализи, да има дебата на сите засегнати страни, синдикати, работодавачи здруженија на жени, други аналитички организации кои работат на финансиски проценки.
– Мислам дека треба да седнеме на една дебата, да видиме што ќе добиеме, а што ќе изгубиме ако имаме 18 месеци породилно отсуство и дали тоа треба да го врземе само со жената или треба да имаме некакво условено породилно отсуство кое ќе биде платено и за другиот партнер. Односно, ако го користи едниот дел таткото, а мајката да може да го користи другиот дел или обратно, затоа што без родова застапеност или еднаквост во едно општество не може да одиме напред, изјави Царовска, по конференцијата за социјално претприемништво.
Во Македонија вели 50 проценти од жените се неактивни и поради тоа не може да се каже дека општеството целосно го користи човечкиот потенцијал што го има.
– Токму затоа, треба да седнеме и да видиме. Да, нека се продолжи ако треба да се продолжи, но и да се види дали треба да се вклучат двата родители во користење на ова право затоа што и татковците и мајките ни се потребни за детето да биде здраво и психички и физички, рече министерката за труд.
Групата пратеници кои го предлага измените на Законот за работни односи за продолжување на породилното отсуство, вели дека тоа го прави како поддршка на граѓанската иницијатива за продолжување на породилното отсуство, која била доставена од страна на овластен предлагач во Собранието на Република Македонија, но била отфрлена како неуредна.
Основна цел заради која се предлага донесувањето на овој закон, се вели во образложението, е заштита на психофизичкото здравје на бебињата, со продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст