За 4 дена Жељко Јоксимовиќ доаѓа со уште еден во низата на успешни концерти во Скопје. На 11. Ноември 2017 (сабота), во Вип Арената Борис Трајковски публиката може да очекува добра забава и многу изненадувања. Едно од изненадувањата кое го најавија организаторите, Прагма Продукција, е ексклузивниот гостин на концертот, а тоа е српската поп дива – Јелена Томашевиќ.
Останати се само уште мал дел на билети, а поради огромниот интерес во продажба дополнително се пуштени М блоковите (М7, М8, М9).
Билетите може да се набават преку продажната мрежа на “Купи Карти За Се” низ цела Македонија, во Пола Југотон, Југотон и цвеќара “Розе” – Веро 2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.