| четврток, 6 декември 2018 |

„Црна вдовица“ осудена на смрт со бесење

Судот во Јапонија осуди 70-годишна жена на смрт со бесење, бидејќи ги труела своите три сопрузи и се обидела да го убие и четвртиот. Чисако Какехи или позната како Црната вдовица, била уапсена во 2014 година, кога било утврдено дека еден од нејзините брачни партнери, починал од труење со цијанид.

Судот го отфрлил аргументот на одбраната дека обвинетата боледува од деменција и дека не може да се смета за одговорна за своите постапки.

Според информациите, Какехи, го убивала партнерот веднаш штом се осигарала дека е единствен наследник на неговиот имот. Во период од десет години, осудената се стекната со повеќе од една милијарда јени или околу 7,6 милиони евра на име на животно осигурување, недвижнини и заштедени пари на нејзините партнери.

До апсењето во 2014 година, Какехи го изгубила поголем дел од парите во ризични финансиски трансакции. Нејзините адвокати најавиле жалба на пресудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top