Титовиот таен бункер е наизглед традиционална босанска куќа, но всушност е влез за една од најголемите тајни простории, кои се најголема инвестиција во поранешна Југославија.
Бункерот скриен под планината Златар во близина на Коњица во централна БиХ со децении е држен во тајност, а денес е отворен за јавноста. Во него се вложени 4.6 милијарди долари, а граден е во периодот меѓу 1952 и 1979 година, со цел во него да може да се скријат Тито, неговото семејство и 350 најблиски соработници, во случај на нуклеарна катастрофа.
Тајниот бункер бил откриен во 1992 година од страна на босанската војска, која одредено време го чувала во тајност, а подоцна е отворен за туристи и вљубеници во модерната историја.
Објектот не само што е совршено зачуван, туку и поседува една од најнеобичните галерии, во која може да се најдат слики и дела, кои го опишуваат животот во СФРЈ и промените кои довеле до нејзино распаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст