| четврток, 6 декември 2018 |

По запирањето на срцето, човечкиот мозок се уште функционира, луѓето се во состојба да сфатат дека починале

Починатите луѓе знаат дека животот им завшил, иако и натаму се свесни за тоа што се случува околу нив, се вели во истражување на медицинскиот центар „Лангон“ при Њујоршкиот универзитет.

Според тимот научници предводени од професор Сем Парнија, моментот на умирањето е нешто сосем различно од тоа што вообичаено се претпоставува.

Научниците подолго време ја следеле состојбата на штотуку починати луѓе и дошле до заклучок дека неколку моменти по стапувањето на смртта, тие се уште се свесни.

– По запирањето на срцето, човечкиот мозок се уште функционира и е активен. Тоа значи дека во повеќето случаи луѓето се во состојба да сфатат дека починале, се вели во трудот.

Професорот Парнија натаму нагласува дека починатиот чувствува оти повеќе не може да го контролира своето тело и дека практично е заклучен во него.

За пример, научнците посочуваат и случаи на клиничка смрт, по кои луѓето со вакво искуство раскажуваат како слушале што зборуват лекарите, се од збор до збор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top