Националните библиотеки на Македонија и Словенија денеска ќе потпишат нов договор за соработка во рамки на манифестацијата „Денови на словенечка книжевност во Република Македонија“ која ќе се одржи во НУБ „Св. Климент Охридски“.
На отворањето на настанот ќе се обратат директорите на двете библиотеки, Сенка Наумовска и Мартина Розман Салобир, како и амбасадорот на Словенија во Македонија, Милан Јазбец.
Манифестацијата ќе опфати и книжевна средба со афирмирани словенечки автори – Иво Светина, кој е претседател на Друштвото на словенечки писатели, и Јуриј Худолин и Станка Храстељ, како и тркалезна маса на тема „Книжевниот превод како предизвик и неопходен процес“. Модератор на дискусијата ќе биде проф. д-р Александар Прокопиев, кој ќе има осврт и за творештвото на авторите – учесници од Словенија.
Во НУБ по повод настанот ќе биде отворена изложба на книги од автори од Словенија преведени на македонски јазик и објавени во периодот од 1991 до 2017 година.
Во рамки на манифестацијата, во галеријата „Остен“ вечер во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од словенечки сликари од колекцијата Остен – Музеј на цртеж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст