| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп пристигна во Јужна Кореја

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска пристигна во Јужна Кореја, втората земја од неговата 12-дневна турнеја во Азија.

Јужнокорејците претпоставуваат дека државната посета на Трамп може да ги зајакне тензиите со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој не се откажува од стрмежот неговата земја да создаде нукеларно оружје што ќе може да ја погоди територијата на САД.

Tрамп ќе оствари средба со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

Поради посетата, безбедноста во земјата е на највисоко ниво. Трамп претходно ја посети Јапонија каде оствари средба со јапонскиот цар Акихито и премиерот Шинѕо Абе.

При средбата со Абе, тој разговараше за кризата со Северна Кореја, како и за други билатерални прашања. Трамп во рамките на 12-дневната азиска турнеја, освен Јапонија и Јужна Кореја ќе ги посети и Кина, Виетнам и Филипини, при што со лидерите на тие земји ќе разговара и за координирана полтика кон Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top