Наместо Радио-дифузна такса, поскапа нафта од наредната година. Зголемувањето на цената на дизел горивата секојдневно ги вознемирува граѓаните. Велат недомаќинското пумпање на горивата, ќе повлече низа дополнителни трошоци и директно ќе удри врз и онака празното семејно ќесе. Остро ја критикуваат актуелната власт и бараат го исполни ветувањето дадено пред граѓаните за време на изборите, а не на ваков начин да удри врз нив.
Паралелно, зголемувањето на акцизата ќе повлече низа покачувања на јавниот превоз, ќе се зголеми цената на такси превозот, на земјоделските култури, готовите производи и на сите гранки поврзани со дистрибуцијата. Со еден збор следува нова бран поскапувања на сè, односно нов ценовен шок на граѓаните, како честитка за Новата година.
Колку за потсетување, СДСМ, кога беше во опозиција изјавуваше дека поскапувањето на енергенсите стануваат неподносливи за просечниот македонски граѓанин. Тогашната опозиција реагираше на покачувањето на бензините за 2,5 денари, и на дизел горивата за 1,5 денари. Оттогаш до сега – не се смени ништо, освен што СДСМ не е опозиција, туку власт во Македонија.
Од стартот на идната година Владата ја зголемува акцизата за 3 денари, а заедно со ДДВ цените ќе бидат повисоки за 3,54 денари.
Со најавените измени, покрај задолжувањето, од јануари натаму, финансиската дупка на буџетот власта ќе ја крпи директно од џебовите на и онака сиромашното население.
Ивор: Алфа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст