| четврток, 6 декември 2018 |

Каде се 400 милиони евра за кои критикуваше Заев?

Од државата се крадат повеќе од 400 милиони евра годишно. Само ова да остане во државата е силен потенцијал и за враќање на кредитите, но и за развојни димензии на нашето општество. Ова пред повеќе од една година го изјави тогашниот лидер на опозицијата Заев. Каде исчезнаа сега тие пари од буџетот за кој опозиционерот Заев цели две до три години зборуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ги трошела расипнички и ги фрлала во проектот Скопје 2014?

 Во меѓувреме Владата излезе со предлог буџет најголем досега. Во исто време се зголемуваат приходите во буџетот на грбот на граѓаните преку зголемување на акцизата за нафтата и се кратат 30 милиони евра од капиталните инвестиции кои се клучни за развој на македонската економија.
 – Просечната плата да биде над 500 евра. Парите да ги вратиме назад кон граѓаните. Некои прашуваат дали може, презадолжена е државата и слично. Од државата се крадат 400 милиони евра годишно. Само ова да остане во државата е силен потенцијал и за враќање на кредитите, но и за развојни димензии на нашето општество,изјави тогаш премиерот Заев.
 Иако за време на изборната кампања премиерот Заев ветуваше многу поголеми плати за армијата, здравството и образованието, сега со новиот буџет се одвојуваат само 5 отсто. Растот на минималната плата, враќањето на ефтината тарифа за струјата и укинувањето на  радиодифузната такса изгледа беа само популистички мерки за да се прикрие намената на половина милијарда евра. Предизборно беа ветувани и 160 милиони евра субвенции и пари за рурален развој, сега обезбедија 24 милиони евра помалку.
 За време на владеењето на претходната Влада, СДСМ обвинуваше дека државата се задолжува со страшно темпо а долгот постојано расте. Сега новата Влада го прави истото.  Власта молчи за тоа каде се потрошени речиси 600те милиони евра кои ги собра по основ на задолжување. Последното задолжување на домашниот пазар на крајот од октомври изнесуваше 71 милион евра. Покрај задолжувањето дома власта планира да се задолжи и надвор. Претходно не одобруваше издавање на еврообврзница, а сега Министерството за финансии активно бара меѓународни кредитори.
Извор: Алфа

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top