Црвена Звезда победи во белградското дерби во АБА лигата гостувајќи кај својот најголем ривал Партизан, кого заслужено го победи со резултат 100:84.
Перо Антиќ и неговите соиграчи водеа во текот на целиот натпревар, а на крајот остварија и убедлива победа со која остануваат при врвот во регионалната кошаркарска лига. Актуелниот АБА шампион има пет победи и два порази, исто како и Цедевита со која го делат второто место зад Будуќност.
Антиќ го заврши натпреварот со 13 поени за нешто повеќе од 24 минути на теренот, а најефикасен кај „црвено-белите“ беше Бјелица со 29 поени. Кај Партизан, Величковиќ најдобар стрелец беше со 18 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст