| четврток, 6 декември 2018 |

Коалицијата на Берлускони победи на Сицилија

Forza Italia party leader Silvio Berlusconi (L) speaks next to local candidate Nello Musumeci during a rally in Catania, Italy, November 2, 2017. REUTERS/Antonio Parrinello

Поранешниот италијански премиер Сивлио Берлускони во понеделникот доживеа големо враќање на политичката сцена, постигнувајќи победа на изборите на Сицилија којашто нему и на неговите сојузници од десницата им ја дава водечката позиција за општите избори коишто ќе се одржат пролетта следната година.

По преброените 85 отсто од гласовите, блокот на десницата и центарот кој го води поранешниот италијански премиер со четири мандати Силвио Берлускони. Ипа 5 процентни поени предност пред антиестаблишмент и евроскептичното Движење пет ѕвезди (М5Ѕ), додека на третото место се кандидатите на левиот центар.

Сицилија, токму како што сакав, го избра патот на стварната, сериозната, конструктивна промена заснована на искреност, компетенција и искуство“, порача 81-годишниот Берлускони во видео пораката објавена на Facebook.

Ваквите резултати го враќаат на политичката сцена по години одбележани со секс скандали и обвинувања за злоупотреби на јавните средства. Тоа истовремено претставува и голем удар за другиот поранешен премиер, Матео Ренци, кој ја води владејачката Демократска партија (PD) од левиот центар, заглавена во судирите со своите поранешни партнери од левицата. По големиот пад на популарноста во изминатите години, Ренци во својата партија доби голем број критичари, кои би можеле повторно да го преиспитуваат неговото водство.

Регионалните избори на Сицилија кои се одржаа во неделата може да се сметаат за ран показател за изборите на национално ниво, бидејќи многу проблеми на овој островски регион се идентични на оние коишто ја погаѓаат Италија како целина: големата невработеност, огромниот долг и бавниот економски раст.

Победнички модел

Сицилија е традиционално упориште на десниот центар кое во 2012 година го зазема Демократската партија поради раздорот во конзервативниот блок. Овојпат Берлускони создаде коалиција којашто се обедини зад него како респектабилен челник поврзан со крајната десница.

Нело Мусумеци, кандидат на десниот центар за гувернер на Сицилија, освоил 30,9 отсто од гласовите, додека претставникот на Движењето пет ѕвезди Џанкарло Канселери освоил 34,7 отсто. Фабрицио Микари, од левиот центар добил 18,5 отсто од гласовите.

На Сицилија ќе покажеме дека ова е победничкиот модел кој може да победи и на државно ниво“, истакна Џорџа Мелони, челничка на десничарската партија Браќа на Италија, која е партнер во десниот центар.

Движењето пет ѕвезди, коешто пред околу три години го покрена сатиричарот Бепе Грило, со месеци неуморни ја водеше кампањата на Сицилија, сакајќи да го освојат првиот регион по низата успеси на општинските избори во претходните години, и откако е поединечно најсилната фракција во парламентот. Движењето ги има градоначалничките позиции на Рим и Торина.

Челникот на партијата Луиџи Ди Мајо смета дека на релативно лошиот резултат на Сицилија влијаела ниската излезност на гласачите, односно на избирачките места излегле помалку од половината на гласачите.

Мислам дека за два или три месеца голем број луѓе кои не излегоа (на изборите) ќе зажалат за својата одлука“, рече Ди Мајо, истакнувајќи дека неговиот резултат би бил подобар доколку излезноста би била повисока за 3 до 4 процентни поени.

Иако овие резултати претставуваат удар за ова движење, М5Ѕ може да се утеши со тоа што се најголемата самостојна партија бидејќи самите освоија околу 30 отсто од гласовите, додека нивниот најблизок ривал, Напред Италија на Белрускони, освоила помалку од 15 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top