Сестрата на поранешниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ и нејзиниот партнер основале две оф-шор компании на Малта, кои се поврзани со рударска индустрија и преработка на минерали.
Нивните имиња се споменуваат во „Рајските документи“, во вчера објавената база на податоци со над 13 милиони документи кои протекоа од две агенции за давање оф-шор услуги и деловни регистри.
Меѓу профилите на моќни луѓе, чии оф-шор компании се откриени во базата, направена од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ), се наоѓа и на Ана Ѓукановиќ, под нејзиното поранешно презиме Коларевиќ, како и на нејзиниот партнер Радомир Вукчевиќ.
Коларевиќ била акционер во фирмата „Ранин Лтд“, компанија регистрирана на Малта во 2012 година, кога нејзиниот брат Мило Ѓукановиќ последен пат беше избран за премиер.
Според српските медиуми, „Ранин Лтд“ е сопственик на „Србија никел“, рударска компанија, која во 2012 година планирала да инвестира околу 1,4 милиони долари во тамошното наоѓалиште на никел, што предизвика протести во Србија поради опасност по здравје од „експлоатација на никел“, стои во профилот на Ана Ѓукановиќ.
Според документите од малтешкиот регистер на претпријатија од 2012 до 2015 година, повеќе од 90 отсто од работите на „Ранин“ биле „надвор од Малта“.
Другата оф-шор фирма на оваа двојка била поврзана со финска рударска компанија.
Коларевиќ му одговорила на ICIJ дека била дел од „основачката и управувачка структура на ’Ранин’“ во краток период по формирањето, а компанијата и нејзините филијали не оствариле никаков приход бидејќи не ги исполниле потребните услови за почеток на своите активности.
ICIJ пишува дека семејството Ѓукановиќ го смета за едно од најбогатите во Црна Гора, а адвокатката Ана Ѓукановиќ имала недвижности и акции во вредност од над 3,5 милиони долари во 2009 година, според тогашното истражување на ICIJ и сараевскиот Центар за истражувачко новинарство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст