Американецот кој вчера во Тексас уби најмалку 26 луѓе, вклучувајќи неколку деца од кои најмладото имало само 18 месеци, на својот чин бил поттикнат од семејна кавга, јавуваат денеска локалните власти.
„Во тоа семејство имало сериозна кавга“, изјави Фриман Мартин, функционер на силите на редот на Тексас, објаснувајќи дека мајката на сопругата на напаѓачот Девин Кели одела во таа црква.
„Мајката на неговаа сопруга доаѓала во црквата. Знаеме дека добивала заканувачки смс пораки од него. Ова не е мотивирано од раса, ниту пак од верски убедувања“, изјави Мартин.
Станува збор за најголемото масовно убиство во поновата историја на Тексас и едно од најлошите во современата историја на САД.
Девин Патрик Кели, 26-годишен белец, се појавил во баптистичката црква во Садерленд Спрингс, селце со 400 жители, во 11:20 часот по локално време облечен во црно и со панцирен елек. Отворил оган од полуавтоматско оружје и убил 26 луѓе, меѓу кои и деца.
Жртвите се на возраст од 18 месеци до 77 години. Меѓу нив има и осум члена на едно семејство вклучувајќи и жена во петтиот месец на бременоста и три нејзини деца. Убиена е и ќерката на свештеникот на возраст од 14 години.
Повредени се најмалку 20 луѓе, од кои 10 сѐ уште во критична состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


