| четврток, 6 декември 2018 |

Основците во Гевгелија имаат анкета за бегалците во нивниот град?!

Анкета на тема интеграција на бегалци и странци се водела во едно од основните училишта во Гевгелија помеѓу учениците и родителите.

Во анкетата се бара одговор со ДА или НЕ дали би прифатиле жител од друга странска држава, од Сирија, Ирак, Иран, Авганистан, … или други земји: Да биде посетител во нашата земја, постојано да живее во Македонија, да живее во истата зграда со анкетираниот граѓанин-родител, да биде колега/шка со вработените во училиштето, да оди на училиште со моето дете, да ми биде пријател, или да стане дел од моето семејство?

Анкетниот лист се најде и на социјалните мрежи, каде револтирани родители коментираа видно вознемирени од ваквата содржина на анкетата.

Дали ова е првиот чекор, кон она што се вика имплементација на Стратегијата за интеграција на бегалци и странци?!

Ова е недоличен начин ученици од 10-11 години да се злоупотребуваат за теми за кои не се ниту свесни што значат.

Извор: markukule.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top