| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Хамилтон избегнал плаќање на данок од 17 милиони фунти

Британецот Луис Хамилтон, кој е еден од најбогатите луѓе во светот на спортот, избегнал плаќање на данок во Европа на неговиот приватен авион со користење на шема на островот Isle of a Man, а сега истрага околу тоа отвори институција на британската влада HM Revenue and customs.

Фирмата за сметководство EY и адвокатската куќа Appleby и помогнале на Хамилтон и другите клиенти да воспостават бизниси преку кои изнајмувале авиони од себеси.

Двајца правни експерти ги прегледале тие шеми и заклучиле дека тие не ги следат европските правила.

Откако го контактирале англискиот магазин Guardian, владата од Isle of Man ја повикала британската инспекција за данок, која овој месец ќе анализира 231 случаи на данок на приватните сопственици на авиони од 2001 година.

Станува збор за милијарда долари даноци.

Хамилтон изјави дека неговиот адвокат бил задолжен да ги води неговите работи, а тој наводно му рекол дека е се законски.

Денес постојат легитимни шеми за избегнување на даноци, кои не се легални.

Ништо не укажува на тоа дека Хамилтон е директно вмешан во креирање на користената шема за неговиот авион. Тој барал професионален совет и само го следел, пренесува Guardian.

Меѓутоа, експертите велат дека шемата му помогнала на Хамилтон да го избегне данокот кој инаку би морал да го плати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top