| четврток, 6 декември 2018 |

Досетлив ученик со одличен одговор на прашање по математика (фото)

Еден ученик од Хрватска благодарение на својот одговор што го напишал на тест по математика го насмеа целиот регион. На Фејсбук страната “Dnevna doza prosječnog Dalmatinca” се појави оваа фотографија на која многумина не останаа рамнодушни.

Прашањето на тестот по математика гласело: „ Дали знаете колку е шест по осум?“ на што ученикот одговорил „Да, знам“ а до одговорот стои и едно црвено смајли кое најверојатно е нацртано од наставничката.

Оваа фотографија на друштвените мрежи се рашири многу кратко време а има и повеќе од 8 илјади лајкови и над 190 коментари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top