
Гезтепе викендов загуби од бранителот на титулата во турската Суперлига со 1-3 пред своја публика во Измир, а нашиот бомбардер Адис Јаховиќ поради суспензија од жолти картони не можеше да му помогне на својот тим.
Интересно, каде и да игра Гезтепе, дали на домашен или пак гостински терен, фановите на овој клуб не забораваат да го испочитуваат Македонецот веејќи македонски знамиња на трибините каде ќе бидат сместени, така беше и викендов.
Ќе се сложите, оваа гледка од трибините е прекрасна…
Со 11 погодоци нашиот интернационалец е на делба на првото место на листата на стрелците во тамошниот шампионат заедно со Бафетимби Гомис од Галатасарај.
Се уште е неизвесна иднината на Јаховиќ ако се земе во предвид дека неговиот актуелен важечки договор со Гезтепе истекува идното лето, клубот веќе започна преговори со нашиот напаѓач за продолжување на соработката, а постојано пристигнуваат и понуди на негова адреса, меѓу кои е секако и онаа на Бешикташ.
Со освоени 17 бода, тимот од Измир се наоѓа на осмото место на табелата, што секако е над очекувањата за овој клуб кој по долга пауза се врати во најсилниот фудбалски шампионат на таа земја, а токму Јаховиќ беше еден од главните креатори на тој успех.
Извор: 24fudbal.com.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


